19.08.2012, 18:24 Двајца загинати на трката „Тара 2012“
До инцидентот дојде кога возачот Бранимир Симиќ од Босна и Херцеговина ја загуби контролата над автомобилот и влета во публиката
Две лица го загубија животот, а две се повредени на меѓународната ридско – планинаска трка трка „Тара 2012“. До инцидентот дојде кога возачот Бранимир Симиќ од Босна и Херцеговина ја загуби контролата над автомобилот и влета во публиката. Едно лице почина на патот до болницата во Ужице, а другото во болницата.
Повредени се и една девојка, која по две опарации и со тешки повреди на главата е префрлена на лекување во Белград, и тинјџер, кој е надвор од животна опасност и се наоѓа на детската хирургија во ужичката болница.
|