20.08.2012, 15:05 Обликот на мозокот може да укаже на шизофренија
Според француски научници обликот на мозокот, попрецизно наборите на мозочната кора, можат да бидат показател за постоење на шизофренија
Група француски научници од Институтот за здравје и медицински истражувања (ИНСЕРМ) откри дека обликот на мозокот, попрецизно, наборите на мозочната кора, можат да бидат показател за постоење на ментално пореметување - шизофренија.
Тие откриле пореметен мозочен развој кај некои пациенти заболени од шизофренија.
Научниците дошле до откритието испитувајќи го мозокот на 44 заболени лица, смесетни во болницата „Света Ана“ во Париз, кои речиси никогаш не примале некаква терапија.
Со специјално снимање со кое се добиваат тродимензионални снимки на наборите на мозокот, забележано е дека кај пациентите со знаци на помали невролошки пореметувања тие набори се послабо изразени отколку кај останатите, што покажува дека веројатно постоеле одредени пореметувања во фазите на развој на мозокот.
Една од следните фази на истражувањето, како што наведуваат научниците, ќе биде идентификување на генот кој влијае на развојот на нервните клетки. |