19.08.2012, 10:51 Филип Рикер во посета на Македонија
Заменикот помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија ќе се обрати на отворањето на Конференцијата на Школата за млади лидери на претседателот Иванов
Заменикот помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија Филип Рикер, по покана од претседателот Ѓорге Иванов, од денеска до 25 август ќе престојува во посета на Република Македонија, соопшти американската Амбасада во Скопје.
Како што се наведува, Рикер ќе се обрати на отворањето на Конференцијата на Школата за млади лидери на претседателот Иванов, што ќе се оддржи утре во Охрид.
Посетата ќе ја искористи за средби и со претставници на Владата, бизнисмени и лидери на заедниците.
Заменикот помошник државен секретар Рикер ќе посети и други земји во регионот.
Ова е втора посета на амбасадорот Рикер на Македонија оваа година
|