19.08.2012, 11:06 Честитка од претседателот на Собранието по повод Рамазан Бајрам
Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница Реис Ул Улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи по повод празникот Рамазан Бајрам.
- Имајќи во предвид дека Рамазан е најсветиот месец во исламот, време на духовно и телесно прочистување, посакувам на Вас и на Вашите семејства да Ви донесе мигови на среќа и благосостојба. Испраќајќи Ви најискрени честитки, ја изразувам својата убеденост дека овој значаен исламски празник, заедно со заложбите на Исламската верска заедница придонесуваат за поголема религиозна и етничката толеранција, како и меѓусебното почитување, кои не обединуваат во заедничкиот стремеж за просперитетна иднина и благосостојба на сите граѓани на Република Македонија, се вели во честитката од претседателот на македонското Собрание.
|