20.08.2012, 10:43 Почина холивудскиот режисер Тони Скот
Режисерот на блокбастерите „Топ ган“ и „Полицаецот од Беверли Хилс II“ се самоубил скокајќи од мост во близина на Лос Анџелес
Режисерот Тони Скот почина синоќа откако скокнал од мост во Лос Анџелес, соопштија локалните власти.
Скот (68), по потекло од Северен Шилдс во Велика Британија, беше познат по холивудските блокбастери „Топ ган“, „Денови на громот“, „Полицаецот од Беверли Хилс II“ и многу други. Тој беше помладиот брат на режисерот Ридли Скот.
Скот скокнал од мостот Винсент Томас во близина на Лос Анџелес.
Претставници на локалната полиција сооштија дека смртта на Скот се третира како самоубиство.
Портпаролот на Крајбрежната стража изјави дека во автомобилот на Скот, што бил паркиран на мостот, е пронајдена порака во која ја навел неговата намера за самоубиство. |