20.08.2012, 15:31 „Пуси рајот“ не сакаат да бидат помилувани од Путин
Девојките од групата „Пуси Рајот“ нема да поднесат молба за помилување до претседателот Владимир Путин, соопшти нивниот адвокат Николај Полозов.
Адвокатскиот тим на музичарките им предложил да поднесат молба за помилување, откако во петокот беа известени за пресудата.
- Нивниот одговор буквално беше: нека одат по ѓаволите со тоа нивно помилување, прецизира Полозов.
Тој дополни, дека адвокатскиот тим ќе поднесе жалба на пресудата, веднаш штом добие копија од истата.
Московскиот суд ги прогласи трите девојки од панк-бендот „Пуси рајот“, за виновни за хулиганство мотивирано од религиозна омраза и антагонизам, и им изрече затворска казна од две години, пишува „Раша тудеј“. Во одлуката се наведува дека девојките покажале флагрантно непочитување на верниците и на основните на православната вера.
Непосредно пред изрекувањето на пресудата, една од девојките рече дека не треба „Пуси рајот“ да го молат претседателот за милост, туку тој нив треба да ги моли. |