18.08.2012, 17:42 Се урна авионот на министерот за внатрешни работи на Филипини
Судбината на министерот за внатрешни работи на Филипини Хесе Робредо и на уште две лица е непозната, откако авинот цесна со кој патувале се урна денеска во морето.
Потрагата по авионот и патниците е сопрена поради настапувањето на ноќта, а водата е мошне длабока за учесниците во потрагата, појасни полицијата.
- Авионот полетал денеска од градот Себу во централниот дел на земјата кон Нага, родното место на Робредо, изјави филипинскиот министер за транспорт и информации Мануел Рохас.
За време на летот пилотот ги информирал службите на аеродромот „Масбат“ дека ќе слета принудно поради дефект. Авионот не успеал да стигне до аеродромот и паднал во морето.
- Помошникот на Робредо успеал да скокне од авионот во водата, тој преживеа и е спасен, додаде Рохас.
Педесет и четири годишниот Робредо е меѓу членовите на кабинетот, кои се најблиски со претседателот на Филипини Бенино Акино.
Според крајбрежната стража авионот се урнал на околу еден километар од брегот покрај аеродомот.
|