20.08.2012, 12:25 Престана мандатот на мисијата на ОН во Сирија
Синоќа на полноќ официјално измина мандатот на набљудувачката мисија на ОН во Сирија, која почна во април.
Мандатот на мисијата за надгледување на прекинот на огнот во Сирија, каде немирите траат веќе 17 месеци, беше продолжен на 21 јули за уште 30 дена, а мисијата сега е заменета од координативна канцеларија на ОН со седиште во Дамаск.
Во меѓувреме, ОН добија поддршка од западните земји, како и од Русија и Кина за својот нов претставник за Сирија, алжирскиот дипломат Лахдар Брахими, кој на тоа место доаѓа после Кофи Анан.
Непосредно пред завршувањето на мисијата, шефот на набљудувачката мисија на ОН во Сирија ги обвини и сириската војска и бунтовниците дека не ги заштитиле цивилите во судирите кои траат веќе 17 месеци.
- Двете страни, според меѓународното хуманитарно право, имаат обврска да ги заштитат цивилите. Овие обврски не се испочитувани, изјави пред новинарите во Дамаск шефот на мисијата на ОН, генерал Бабакар Гај. |