20.08.2012, 11:24 Стурнарас: На Грција и се заканува исклучвање од еврозоната
На Грција и се заканува исклучување од еврозоната ако не ги намалиме расходите како што бараат меѓународните кредитори, изјави грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас во интервју за „То Вима“.
Тој информира дека наместо планираните 11,5 милијарди, расходите треба да бидат намалени за 13,5 милијарди евра до 2014 година.
- Не треба да се лажеме. Ако не преземеме мерки со цел да заштедиме 13,5 милијарди евра како што побара „Tројката“ во јули, останувањето во еврозоната ќе ни биде доведено во прашање, нагласи Стурнарас додавајќи дека таков развој на настаните би бил катастрофален за земјата.
- Не сакам да ме обесат на Синтагма. Ние треба да преживееме, да се задржиме под чадорот на еврото затоа што тоа ќе не заштити од сиромаштија каква што досега не сме почувствувале, рече грчкиот министер за финансии во интервју за „То Вима“. |