20.08.2012, 13:00 Грција ги дочекува туристите со поскап бензин
Цената на безоловниот бензин на грчките острови се искачи над две евра за литар, јавија грчките медиуми.
До поскапување на горивото дојде поради зголемениот број туристи во овој период од летната туристичка сезона, што од друга страна не е добро во година кога Грција се соочува со намален број туристи.
Најскап бензин засега има на групата 12 острови Додеканези (Родос, Кос, Патмос и други), на Крит и во реонот на Пиреја. |