19.08.2012, 11:30 Во авионска несреќа во Судан загинаа 31 лице
Авион со 31 патник, меѓу кои и официјална делегација на Судан се урна утрово кај местото Талоди.
- Нема преживеани, сите загинаа, изјави портпаролот на Суданската агенција за авијација Абделхафиз Абделрахим.
Тој рече дека авионот слетал во Талоди кога се чула експлозија и леталото е уништено.
Според телевизијата Ал Арабија во делегацијата бил еден министер, додека според Ал Џезира меѓу патниците имало двајца министри.
Делегацијата патувала во државата Јужен Кордофан поради одбележување на почетокот на тридневниот Рамазански Бајрам, празник со кој завршува триесетдневниот рамазански пост.
|