19.08.2012, 23:21 Шампионот Вардар поразен во Кичево
Победата на Напредок од 1:0 му ја донесе Жарко Симјановски со голот во 70-та минута
ФОТО: Екипа
Екипата на Напредок го совлада шампионот Вардар во еден од трите натпревари одиграни попладнево, со кои беше комплетирано 2-то коло во Првата македонска фудбалска лига.
Победата на кичевчани од 1:0 им ја донесе Жарко Симјановски со голот во 70-та минута.
Ристе Наумов (28) беше стрелец на победоносниот гол на дуелот во Штип, каде Брегалница го порази Силекс со 1:0.
Максималниот учинок на домашните екипи денеска го потврди Металург со победата од 2:0 во дуелот со Пелистер. Стрелци на головите за Металург беа Миле Крстев (37) од пенал и Емир Мандак (90+1).
На натпреварите одиграни вчера, беа постигнати следниве резултати: Хоризонт Турново - Шкендија 3:2,Тетекс – Ренова 0:3 и Работнички – Дрита2:2.
По две кола екипите на Металург, Брегалница и Хоризонт Турново, досега имаат максимален учинок и освоени по 6 бодови. По нив следуваат Ренова и Напредок со 4, Вардар има 3, додека Работнички, Шкендија, Дрита и Пелистер по 1 бод. Засега без освоен бод се екипите на Силекс и Тетекс.
|