Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
17.08.2012, 13:03
Пеле: Лондон постави олимписки стандард



Фудбалската легенда смета дека ОИ 2012 се пример за наредните олимпијади

Бразилската фудбалска легенда, која многумина ја сметаат за најдобриот играч на сите времиња, ги посочи свеченото отворање и позитивната атмосфера околу Игрите во Лондон како нешто кон што треба да стремат идните организатори, вклучувајќи го и Бразил, кој ќе биде домаќин на Светското првенство во 2014 година и на Олимпијадата 2016. Вниманието полека се врти кон подготвеноста на јужноамериканската земја по симболичното примопредавање на олимпиското знаме на церемонијата на затворањето на ОИ во неделата. Трикратниот светски шампион смета дека лондонскиот организациски комитет ЛОКОГ испорачал нешто со кое Британија може да се гордее, како и дека Бразил може да извлече корист од тоа што беше видено во шоуто во Лондон.

„Имаме доста луѓе што работат за Игрите во Рио да бидат извонредни. Мислам дека организацијата тука беше фантастична. Свеченото отворање беше фантастично. Тоа беше навистина посебно, стадионото беше полн и сите беа навистина прекрасни и пријателски расположени“, изјави Пеле. „Сите уживаа, што е добро. Организаторите треба да бидат многу среќни поради тоа и сметам дека истата компанија што помогна тука ќе биде ангажирана и во Бразил, каде што се надевам дека ќе приредат идентичен настан, бидејќи тие беа многу добри. Тие, дефинитивно, дадоа пример за тоа што треба да се прави“.

Игрите се селат во Јужна Америка првпат во историјата и со сигурност ќе ја рашират гордоста низ континентот, а не само во Бразил, што ќе биде од монументално значење за милиони луѓе, тврди Пеле.

„Олимпијадата во Рио нема врска само со Бразил, туку со цела Јужна Америка, слично како Светското првенство во фудбал со Јужна Африка“, објаснува тој. „Бразил има голема шанса да се покаже пред посетителите што ќе дојдат. Ние имаме многу што да му покажеме на светот и мислам дека тоа ќе биде една од работите што луѓето ќе ја сфатат“.

За ефикасноста со која Лондон се справи со Игрите стигнуваат признанија од целиот светот, поништувајќи ги стравувањата од пред Олимпијадата поврзани со транспортот и со безбедноста. И додека се води дебата за капацитетот на Бразил да ги организира двете големи натпреварувања, Пеле верува дека премногу лесно се изрекуваат критики на сметка на домаќинот.

„Истите прашања беа поставувани за многу Игри. Мислам дека Лондон беше исклучок што го потврдува правилото. Градовите-домаќини вообичаено се сплотуваат во последен момент“, додава тој. „Зборував со претседателката Дилма и таа вели д��ка најдобрите луѓе работат и на Мундијалот и на Олимпијадата и оти ние со сигурност ќе бидеме подготвени навреме. Изградбата на стадионот нема да биде проблем. Во моментов се разбира дека не сме подготвени, но нема сомневање дека ќе сториме се' што треба навреме, и покрај тоа што секој домаќин наидува на проблеми при изградбата на борилиштата, бидејќи постојано мора да ги прилагодува или менува работите. Секогаш има работа што треба да се заврши и, ако работиме напорно, можеме да испорачаме навистина добри Мундијал и Олимпијада. Единствените проблеми навистина се административните, но тие лесно можат да се надминат навреме“.

Статијата е прочитана 341 пати.

Испрати коментар



Камерунецот Сонг во Барселона за 19 милиони евра
Илиевски од семејни причини го напушти Локомотив
Михајловски го засили Работнички
Металург и Динамо Минск во борба за трофејот на турнирот „Струга 2012“
Реал и Барса во битка за Шпанија и за „светска хегемонија“
Манчестер Сити ја почнува одбраната на титулата со Саутемптон
Седлоски - Играчите се за мене
Вермален нов капитен на Арсенал
Шарди го запре Мари во Синсинати
Гечевски ја заврши репрезентативната кариера
Динамо Минск прв финалист на струшкиот ракометен турнир
Феникс потпиша со Џермејн О’Нил
Мартинез во Баерн за рекордни 40 милиони евра
Балиќ во Металург за 200.000 евра по сезона!?
Светската пливачка елита в недела на 26. Охридски маратон
Надал го откажа учеството на Ју-Ес опен
Ван Перси и официјално во Манчестер јунајтед!
(ФОТО) Пандев за минимална победа против Литванците
Македонија падна на 34. место
Бајнам на експериментална терапија на коленото
Квалификациите клучни и сезонава во Формула 1
На Франк Рибери и Карим Бензема ќе им се суди
Марадона би работел како тренер во Кина
Македонските надежи поразени од Португалија

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 24°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 32°C, Мин: 15°C

Недела
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 15°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Остри меѓународни реакции по пресудата за „Пуси Рајот“
Руската православна црква вчера ја повика државата да биде милостива кон членките на контроверзната панк група...
Депонијата се празни, комуналците добија една плата
Инспекторите за животна средина веруваат дека до понеделник сето ѓубре ќе биде изнесено од центарот на Тетово и депонира...
(ФОТО) Последно „светнување“ на „Паднатите херои“
При крај е уредувањето на покриениот Прометеј, обелискот со жената-ангел со венец во рацете и четирите исправени коњи, д...
Соларен брод чека да заплови во Охридско Езеро
Иноваторот ��оран Ангелковиќ има проект за брод кој се движи на сончева енергија и бара инвеститор за да го изгради...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |