19.08.2012, 13:14 Ѓоковиќ и Федерер во денешното финале во Синсинати
Србинот убедливо го совлада Дел Потро со 6:3, 6:2, додека Швајцарецот беше поуспешен од сонародникот Вавринка со 7:6, 6:3
Најдобрите двајца светски тенисери во моментов, Рожер Федерер и Новак Ѓоковиќ ќе одиграат уште еден меѓусебен дуел, овојпат во финалето на Мастерсот во Синсинати.
Ѓоковиќ вчера лесно излезе на крај со Хуан Мартин Дел Потро, победувајќи го Аргентинецот со 2:0 во сетови (6:3, 6.2), со што му врати за поразот на олимписките игри.
Дел Потро кој освои само пет гемови на мечот подоцна изјави дека го одиграл дуелот од респект кон противникот иако сакал да го предаде поради повредата на рамото.
Федерер пак мораше да одигра малку подолг меч против својот сонародник Станислас Вавринка, но на крајот сепак триумфираше со 2:0 (7:6/6:3) и се избори за уште едно финале оваа година.
Со пласманот во финалето, Швајцарецот си го продолжи престојот на првото место на АТП ранкингот без разлика на денешниот исход на финалето.
|