Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
20.08.2012, 14:10

Италијанските виртуози Енрико Диндо и Моника Катароски за крај на годинешново „Охридско лето“

На вечерашниот концерт што ќе се одржи во катедралната црква „Света Софија“ од 21 часот ќе бидат изведувани познати дела на Шуберт, Капустин и Шостакович

Со вечерашниот концерт на италијанските уметници Енрико Диндо на виолончело и Моника Катароски на пијано ќе биде спуштена завесата на 52. издание на Фестивалот „Охридско лето“, најголемата музичко–сценска манифестација во земјата.

Изминатите 40 дена на сцените на Антички, Света Софија, предворјето на Света Софија, Центарот за култура „Григор Прличев“, но и кај Заливот на Коските, продефилираа бројни познати имиња од домашната и светската музичка и драмска сцена, целовечерни концерти за паметење со ексклузивни гости и уметници.

Печат на ова 52. фестивалско издание ќе остават настапите на Мишел Камино, Пол Мејер, „2ЦЕЛЛОС“, Перпетум Џезиле“, „Леб и Сол“, и дел од деветте театарски претстави што беа на програмата на „Охридско лето“, од кои дури пет беа премиерни изведби.

Богатата фестивалската програма само го потврдува епитетот што го носи „Охридско лето“ како најзначајна културна манифестацијата во Македонија, која преку своето долгогодишно опстојување и квалитет се врежа во светската мапа на културни манифестации.

Енрико Диндо, кој ја има честа да ја заокружи фестивалската возбуда наречена „Охридско лето“ е истакнат италијански мајстор на виолончело. Кога во 1997 година ја освои Првата награда на натпреварот „Ростропович“ во Париз, големиот Маестро за него напиша: „Диндо е виолончелист со исклучителни квалитети, комплетен уметник и формиран музичар, со извонреден звук што се протега како најпрекрасниот италијански глас“. Оттогаш, Диндо започнува активна концертна кариера, настапувајќи во многу земји со престижни оркестри како Националниот оркестар на Франција, Санкт Петербуршката филхармонија, Чикаго Симфони Оркестра, Торонто Симфони Оркестра, Националниот оркестар на Сао Пауло, Филармоника дела Скала и други, под диригентската палка на Валери Гергиев, Рикардо Мути, Мстислав Ростропович, Даниеле Гати, Пааво Јарвј.

Бил гостин на повеќе светски фестивали. Добитник е на наградата „Абиатти” за најдобар солист во сезоната 1998/1999 од страна на Асоцијацијата на музички критичари на Италија. Во 2004 година, тој беше прогласен за севкупен победник на Шестиот меѓународен натпревар Веб Хол Компетишн, а во 2005 година Претседателот на Италија му ја додели наградата „Витторио Де Сика” за исклучителни остварувања на полето на музиката.

На Диндо му се посветени повеќе дела од истакнати автори. Остварува снимки за Дека, а свири на Пиетро Џиакомо Рогери виолончело од 1717 година.

Моника Катароси е лауреат на значајни меѓународни натпревари. Како камерен музичар остварува богата кариера, соработувајќи со Џулиус Бергер, Роко Филипини, Дора Шварцберг, а е редовен концертен партнер на Енрико Диндо.

Катароси е официјален корепетитор на натпреварот по виолина и виолончело во Маркнојкирхен и на натпреварот Јанигро во Загреб (на двата натпревари беше наградена со признание за исклучителна корепетиција), а со години е и пијано придружник на Интернационалниот натпревар по виолина „Леополд Моцарт“. Освен тоа, таа е корепетитор на Академијата во Кремона, Пинерола и на Летната академија при Моцартеум универзитетот во Салцбург.

На вечерашниот концерт што ќе се одржи во катедралната црква „Света Софија“ од 21 часот ќе бидат изведувани познати дела на Шуберт, Капустин и Шостакович.


Статијата е прочитана 130 пати.

Испрати коментар



Згасна фестивалскиот оган на 52. „Охридско лето“
Светот на филмот му оддава почит на Тони Скот
Модната куќа „Луј Витон“ подготвува линија на презервативи
“Сестрата на Зигмунд Фројд” од Гоце Смилевски објавен на чешки
Шарапова отвори продавница за слатки во Њујорк
Почина холивудскиот режисер Тони Скот
Маџиров на книжевен престој во Австрија и меѓународно читање во Грац
Концерт на Гринголтс и Лаул во „Света Софија“
Претставничката на Кина стана Мис на светот
(ФОТО) Археолошки остатоци откриени кај локалитетот Манчевци
Агата Гертчен доби Гран-при на Графичкото триенале во Битола
Во Кочани премиера на монодрама за Методија Андонов Ченто
Премиера на мјузиклот „Декамерон“ во Охрид
Заврши снимањето на патописниот филм „Move on“ во Македонија
Премиера на „Платеници 2“ во кино „Милениум“
На „Охридско лето“ барокна музика со италијанскиот ансамбл „Колегиум про музика“
Поетска книга на Лидија Димковска објавена во САД

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 24°C

Ведро

Вторник
Ведро
Макс: 37°C, Мин: 17°C

Среда
Сончево
Макс: 38°C, Мин: 19°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
„Епл“ највредна компанија во историјата на берзата
Американскиот електронски гигант достигна вредност од 623 милијарди долари, со што го надмина рекордот на „Мајкрософт“ о...
Војна со Иран израелската економија ќе ја чини 41 милијарада долари
Анализата е направена преку екстраполација на трошоците за време и по војната во Либан во 2006 година...
Обликот на мозокот може да укаже на шизофренија
Според француски научници обликот на мозокот, попрецизно наборите на мозочната кора, можат да бидат показател за постоењ...
Дипломати му должат на Лондон 58 милиони фунти
Само минатата година странските дипломатски мисии и нивните возила не платиле девет милиони фунти...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |