Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
19.08.2012, 14:02
Маџиров на книжевен престој во Австрија и меѓународно читање во Грац



Во текот на престојот, тој ќе учествува на меѓународното читање наречено „Мал туѓинец“ заедно со поети и прозни автори од Конго, Турција и Србија

Македонскиот поет Никола Маџиров е добитник на австриска литерарна стипендија, која вклучува и книжевен престој во текот на овој месец како автор-гостин во Куќата за писатели во Грац, во Австрија.

Во текот на престојот, Маџиров ќе учествува на меѓународното читање наречено „Мал туѓинец“ заедно со поети и прозни автори од Конго, Турција и Србија. Неговите песни ќе се читаат на македонски и во превод на германски јазик.

Ова читање е во рамките на еден од најзначајните австриски музичко-поетски настани, Меѓународниот фестивал за современи музички стилови и култура „Муртон“, на кој годинава настапуваат и норвешкиот пијанист Буге Веселтофт познат по соработките со Јан Гарбарек, Џон Скофилд, Били Кобам и други светски џез имиња, францускиот трубач од швајцарско потекло Ерик Трифо и др.



Статијата е прочитана 226 пати.

Испрати коментар



Светот на филмот му оддава почит на Тони Скот
Модната куќа „Луј Витон“ подготвува линија на презервативи
“Сестрата на Зигмунд Фројд” од Гоце Смилевски објавен на чешки
Шарапова отвори продавница за слатки во Њујорк
Италијанските виртуози Енрико Диндо и Моника Катароски за крај на годинешново „Охридско лето“
Почина холивудскиот режисер Тони Скот
Концерт на Гринголтс и Лаул во „Света Софија“
Претставничката на Кина стана Мис на светот
(ФОТО) Археолошки остатоци откриени кај локалитетот Манчевци
Агата Гертчен доби Гран-при на Графичкото триенале во Битола
Во Кочани премиера на монодрама за Методија ��ндонов Ченто
Премиера на мјузиклот „Декамерон“ во Охрид
Заврши снимањето на патописниот филм „Move on“ во Македонија
Премиера на „Платеници 2“ во кино „Милениум“
На „Охридско лето“ барокна музика со италијанскиот ансамбл „Колегиум про музика“
Поетска книга на Лидија Димковска објавена во САД

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 32°C

Ведро

Вторник
Сончево
Макс: 37°C, Мин: 17°C

Среда
Сончево
Макс: 38°C, Мин: 21°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Обликот на мозокот може да укаже на шизофренија
Според француски научници обликот на мозокот, попрецизно наборите на мозочната кора, можат да бидат показател за постоењ...
Дипломати му должат на Лондон 58 милиони фунти
Само минатата година странските дипломатски мисии и нивните возила не платиле девет милиони фунти...
Исламисти бараат своја држава во Норвешка
Една норвешка исламистичка група се заканува со „напад 11 септември“ или со уште поголем напад од оној што на 22 јули ла...
(ФОТО) Последно „светнување“ на „Паднатите херои“
При крај е уредувањето на покриениот Прометеј, обелискот со жената-ангел со венец во рацете и четирите исправени коњи, д...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |