13.08.2012, 16:53 Пожарот кај Радуша се шири кон селото
Пожарот во атарот на селото Радуша е повторно активен и се шири кон селото. Во моментов интервенираат екипи на БППЗ на Град Скопје и лица од Шумското стопанство „Караџица“. Побарана е интервенција по воздушен пат, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Нов пожар е појавен кај Македонски Брод, меѓу селата Боровска Брезница и Тажево. На терен интервенираат екипи на ТППЕ од Македонски Брод, Македонски шуми и Националниот парк „Јасен“. Гори борова шума на површина од три ари.
Пожарот во атарот на село Стрима се` уште е активен, а поради непристапниот терен гаснењето се одвива отежнато. Побарана е интервенција од воздух.
Активен е и пожарот во Велешкиот регион кој избувна вчера кај селото Бањица. Зафатена е ниска деградирана шума на површина од околу пет хектари. Во моментов интервенира екипа од Шумското стопанство „Бабуна“.
Изгаснат е шумскиот пожар помеѓу скопските села Горно и Долно Свиларе. |