13.08.2012, 10:43 Во Хаг почнува судењето на Лорен Гбагбо
Во Меѓународниот кривичен суд денеска почнува судењето на поранешниот претседателот на Брегот на Слоновата Коска, Лорен Гбагбо, кое досега повеќе пати беше одложувано.
Тој е обвинет за воени злосторства врз човештвото извршени за време на граѓанската војна во Брегот на Слоновата Коска во 2010 година. Во судирите, кои почнаа откако Гбагбо загуби на претседателските избори и одби да ја предаде власта, загинаа најмалку три илјади лица, додека милиони беа раселени.
Гбагбо по завршувањето на граѓанската војска, која траеше околу четири месеци, е обвинет за воени злосторства и во номеври 2011 година беше екстрадиран во Хаг.
На денешното судско рочиште Обвинителството треба да ги изнесе своите докази, а Судскиот совет потоа ќе одлучи дали има доволно материјал за да продолжи судењето на поранешниот претседател. |