12.08.2012, 11:52 Најмалку 250 жртви во земјотресите во Иран
Најмалку 250 лица загинаа и над 2.000 се повредени во двата силни земјотреса во реонот на Табриз во северозападен Иран, соопштија денеска локалните власти.
Земјотресите предизвикаа огромна материјална штета, при што целосно се уништени стотина куќи.
Епицентарот на првиот потрес, со интензитет од 6,4 степени по Рихтер, е регистриран на околу 60 километри североисточно од градот Табриз со 1,5 милиони жители, на длабочина од десет километри. Само 11 минути подоцна уследил друг потрес со интензитет од 6,3 степени во близина на градот Варзган.
Над 25.000 лица загинаа во 2003 година во потресот кој го погоди градот Бам на југот на земјата. |