13.08.2012, 14:11 „Аман“ ќе протестира поради поскапувањата
Граѓанската иницијатива „Аман“ бара од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) да ги намали цените на електричната енергија, парното греење и на горивата во согласност со стандардот, а во спротивно најавува протести пред седиштето на РКЕ и низ Македонија.
- Самоиницијативно се собравме преку социјалните мрежи и решивме од утре, па секој нареден вторник на плоштадот „Пела“ да организираме протесни собири на кои ќе го искажеме својот револт од поскапувањето на парното, горивата и струјата, изјави денеска пред РКЕ, Инес Ефремова од „Аман“.
Бараат да се врати евтината днeвна тарифа, да се врати цената на струјата од 2008 година, да се укине ставката „ангажирана моќност од 33 проценти“ во сметките за струја, да се врати цената на парното на нивото од 2008 година, итно да се повлече новиот Правилник на АД Топлификација, да се намалат цените на нафтените деривати во согласност со стандардот на живеење, да се запре со приватизација или докапитализација на целосниот енергетски сектор во сопственост на Република Македонија, да се инвестира во одржливи извори на енергија, геотермална енергија, енергија на ветер и соларна енергија,...
Сите барања, велат, се упатени до РКЕ, а Владата едниствено е повикана за горивата бидејќи учествува во цените на нафтените деривати со акцизата. |