11.08.2012, 20:43 Најмалку 87 загинати, над 400 повредени во двата силни земјотреси во Иран
Најмалку 87 лица загинаа денеска, а над 400 се повредени во двата силни земјотреси кои го погодија северозападот на Иран, јави иранската државна телевизија.
Оштетени се стотина куќи, a во прекин се и телефонските врски.
Епицентарот на првиот потрес, со интензитет од 6,4 степени по Рихтер, е регистриран на околу 60 километри североисточно од градот Табриз со 1,5 милиони жители, на длабочина од десет километри. Само 11 минути подоцна уследил друг потрес со интензитет од 6,3 степени во близина на градот Варзган.
Над 25.000 лица загинаа во 2003 година во потресот кој го погоди градот Бам на југот на земјата. |