Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
13.08.2012, 17:20

Институтот „Евро-Балкан“ стана универзитет

Најпознато име во „Евро-Балкан“ е Јован Донев близок до владејачката ВМРО-ДПМНЕ и жесток противник на компромис со Грција

Институтот за општествени и хуманистички истражувања „Евро-Балкан“ прераснува во Универзитет, со дозвола на Министерството за образование и наука. Во рамките на Универзитетот ќе постојат три факултети: за Културни студии, за Студии на социјална антропологија и за Студии на Југоисточна Европа (политички студии). Четврта образовна единица е Академијата за моден дизајн, а петта е постоечкиот Институт за општествени и хуманистички истражувања.

„Ваквиот избор на наставно-научни дисциплини на Универзитетот е направен со цел на новите генерации на студенти да им се даде можност да студираат и дисциплини, кои до сега не им беа достапни, а кои се исклучително важни за развојот на секое едно општество и како такви се присутни на скоро сите универзитети надвор од Македонија“, велат од „Евро-Балкан“.

Бројот на студенти што годишно ќе се запишуваат е ограничен на 25 по факултет, односно 15 на Високата стручна школа. Бројот на студентите кои ќе се запишуваат на втор циклус од студии останува десет на секоја група.

Институтот „Евро-Балкан“ е формиран во 1999 година како своевиден македонски „тинк-тенк“, а од 2006 година е регистриран како научен Институт. Наредната година добива акредитации за организирање на послдипломски студии поврзани со прашањата на родот, културата, југоисточна Европа и Византија.

„Тоа се дисциплини, кои на еден или друг начин, пополнуваат празнина во македонскиот наставно-научен простор, па и пошироко во регионот“, објаснуваат од „Евро-Балкан“.

Најпознато име во „Евро-Балкан“ е Јован Донев близок до владејачката ВМРО-ДПМНЕ и жесток противник на компромис со Грција околу уставното име на нашата земја. Донев беше во комбинација и за македонски амбасадор во Лондон, но нема детали како напредуваат плановите за неговото заминување во британската престолнина. (Г.А.)


Статијата е прочитана 2394 пати.

Испрати коментар



Отворено писмо до Груевски
„Ден“ продаден преку ноќ
Социјалната група „Аман“ на протест поради поскапувањата
Милчин ќе се жали пред Управен, но ќе го тужи и Аџиев
Аџиев
Уште еден советник во лустрациската мрежа
Охридскиот договор овозможи напредок
Доследна имплементација без партизирање и политизирање
Попоски чека позитивен одговор од Атина



perica, 14.08.2012 00:15:09
Nema London, ne mu se dopadja na bratucedot.
KOLE, 14.08.2012 02:36:32
и жесток противник на компромис со Грција offf leleee Добро, ајде ве молам ВИЕ дајте предлог за решение на проблемот кој го имаме со јужниот ни сосед. Како се чини “имате ДИРЕКТНА врска!“ И, бидејќи сите ќе треба да живееме со ВАШЕТО решение, редно би било да го чуеме пред него што го прифатиме, не ли? Ајде, ве молам, ДАЈТЕ ПРЕДЛОГ, ДАЈТЕ РЕШЕНИЕ. (кога сме веќе тука - предлагам Груевски да формира министерство по ова прашање и да определи министер од опозиција. тоа конечно би ви ги затнало устата. ВО ПОЗИТИВНА СМИСЛА НА ЗБОРОТ.)
Трпе, 14.08.2012 08:29:46
Некои граделе кариера поради тоа што биле кодоши.А дали некој се има запрашано како Јованчо ја гради својата кариера.Ташната му е полна со разни капи,членски книшки од политички парти и невладини организаци.Да беше глумец или маѓосничар можеше да му веруваме.Сончогледот е покорисна земјоделска култура.
Власт, 14.08.2012 09:22:52
Близок со сите што се на власт.
Mitre od Rotino, 14.08.2012 15:48:24
„Све ми боје лепо стоје„му фали имиџот/шалот/ за да биде поуверлив
Smeshko, 14.08.2012 16:45:47
Smeshki!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 19°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 32°C, Мин: 15°C

Недела
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 15°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Остри меѓународни реакции по пресудата за „Пуси Рајот“
Руската православна црква вчера ја повика државата да биде милостива кон членките на контроверзната панк група...
Депонијата се празни, комуналците добија една плата
Инспекторите за животна средина веруваат дека до понеделник сето ѓубре ќе биде изнесено од центарот на Тетово и депонира...
(ФОТО) Последно „светнување“ на „Паднатите херои“
При крај е уредувањето на покриениот Прометеј, обелискот со жената-ангел со венец во рацете и четирите исправени коњи, д...
Соларен брод чека да заплови во Охридско Езеро
Иноваторот Горан Ангелковиќ има проект за брод кој се движи на сончева енергија и бара инвеститор за да го изгради...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |