13.08.2012, 13:51 Бензините поскапуваат за 3,5 , а дизелот за 1,5 денари
Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 86 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 87,50 денари за литар, а ЕУРОДИЗЕЛОТ ќе биде 73 денари
Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 3,5, а дизелот и естра лесното масло за домаќинство за 1,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 86 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 87,50 денари за литар. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛОТ ќе биде 73 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство 61,50 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,176 ден/кг и ќе изнесува 46,195 ден/кг.
Зголемувањето на цените на нафтените деривати се должи на повисоката цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и на понискиот курс на денарот во однос на доларот. |