Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
13.08.2012, 14:21

Пронајдени загубени пирамиди во Египет

На сателитски снимки пронајдени се два комплекси кои содржат невообичаени групации насипи што би можеле да бидат загубени пирамиди

При истражувањето на сателитски снимки од Египет пронајдени се два комплекси кои содржат невообичаени групации насипи со интересни карактеристики, кои би можеле да бидат загубени пирамиди, тврди археологот Ангела Микол.

Потенцијалните пирамиди едни од други се оддалечени околу 150 километри.

На локација во горниот дел на Египет, 19 километри од градот Абу Сидхум, кој се наоѓа на брегот на Нил се пронајдени четири насипи, а на секој од нив се наоѓа триаголно плато. Двата поголеми насипи се широки околу 75 метри, а помалите се широки околу 30 метри.

- Кога детално ги анализиравме формациите, сфативме дека насипите имаат рамен врв и триаголен облик кој со времето е доста оштетен, истакна Микол.

Околу 150 километри северно, во близина на оазата Фајоум, друг можен комплекс пирамиди содржи четиристран оштетен насип широк 45 метри.

Во овој комплекс, лоциран на 2,5 километри од древниот град Димаиа, се наоѓаат уште три помали насипи со истакната формација, слична на дијагонално поставената пирамида во Гиза.

- Бојата на насипот е темна и според составот е слична на ѕидовите на Димаиа, кои се направени од кал и камен, нагласи Микол.

Научниците веруваат дека со помош на инфрацрвени зраци ќе можат да ја видат вистинската големина на комплексот со поголем број детали. Локациите се испратени на египтолози и експерти за понатамошно истражување.


Статијата е прочитана 971 пати.

Испрати коментар



Британска двојка доби над 148 милиони фунти на Евролотарија
Жан Клод Ван Дам ја признал аферата со Кајли Миног
„Балканскиот филмски караван“ продолжува на БитФест
Почина Хелен Гарли Браун - легендарната уредничка на „Космополитан“
Почина Карло Ламбарди, творецот на „Е.Т.“ и на „Алиен“
Сонцето е опкружено со темна материја
Романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ објавен на словенечки јазик
Филмски денови „Sее а Paris“ во рамки на Битфест
„Госпоѓица Јулија“ на „Охридско лето“ во чест на Стриндберг
„Балкански музички плоштад“ денеска и утре во Охрид
(ИНТЕРВЈУ) Детскиот театар е важен за формирање на публиката
Грчка изложба и концерт на „Хармосини“ на „Бит фест“
Конзервација на локалитетот Стибера
Во Битола почнува АКТО 7
Гигантските ѕвезди не се мистерија
И „Охридско лето“ го слави Стриндберг

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 29°C

Делумно облачно

Вторник
Делумно облачно
Макс: 32°C, Мин: 18°C

Среда
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 15°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
ЛОИ во Лондон се најгледаниот спортски настан во Велика Британија
Вкупно 50,2 милиони луѓе во Велика Британија ги гледале натпреварите и случувањата на летните Олимписки игри во Лондон...
(ФОТО) Довидување Лондон, доаѓаме Рио
Соодветно на отворањето, завршната церемонија беше проследена со величенствен сценско-музички перформанс...
Григориј Потоцки прави споменик на жртвите од струмичкиот пожар
„Македонија треба да има државна колонија за да може успешно да се презентира“, вели Бранко Пепиќ, раководител на Меѓуна...
Најпрофитабилните автомобилски модели во историјата
Во почетокот на годинава консултантското биро „Бернштајн рисрч“ ја објави листата на најпрофитабилни возила, почнувајќи ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |