13.08.2012, 09:21 Филмски денови „Sее а Paris“ во рамки на Битфест
Во петдневната филмска манифестација ќе бидат прикажани пет филмови од автори од Србија, Босна и Хервеговина, Хрватска, Црна Гора и од Турција
Со проекција на филмот „Како ме украдоа Германците", на режисерот Милош Радивоевиќ од Србија, вечерва во Битола почнува балканскиот филмски карван на најдобрите филмови - Филмски денови „Sее а Paris“.
Организатор на манифесатцијата е Универзитетот за аудио визуелни уметности ЕСРА, а се одржува во рамки на Бит Фест.
Во петдневната филмска манифестација ќе бидат прикажани пет филмови од автори од Србија, Босна и Хервеговина, Хрватска, Црна Гора и од Турција. На програмата покрај филмот на Еадивоевиќ се и "Белведере" на Ахмед Имамовиќ од Босна и Херцеговина, "Татко" на хрватскиот режисер Далибор Матаниќ, црногорскиот „Локален вампир“ на Бранко Балетиќ и „Калинка“ од турскиот режисер Умит Унал со кој затвора манифестацијата.
Проекцијата на филмовите ќе се одржува секој ден од 13 - 17 август во 22 часот пред КЦ Магаза. Алтернативна локација во случај на дожд е Малата сала при Центарот за култура во истиот термин. |