13.08.2012, 14:47 Гори борова шума во близина на „Јасен“
Пред еден час избувна пожар на потегот од село Тажево до село Брезница, на граница на Националниот парк „Јасен“ во општина Македонски Брод.
Како што соопшти Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), гори борова шума. За гаснење се ангажирани пет лица од Македонски шуми и вработени во Националниот парк „Јасен“.
Евидентиран е уште еден пожар во општина Чашка кој зафати нискостеблеста шума. На терен се 13 лица од Шумското стопанство „Бабуна“.
Пожарот во Општина Липково што избувна вчера е се` уште активен на местото Мала Пресица кон село Стрима. Теренот е непристапен, но сотојбата се следи.
Според ДЗС, изгаснат е пожарот во село Радуша, општина Сарај. Дежурни екипи, шест пожарникари и две возила, се уште се на терен. |