13.08.2012, 10:21 Бунтовници од ПКК киднапираа турски пратеник
Бунтовници од ПКК киднапираа во југоисточна Анадолија турски пратеник од главната опозициска Народнорепубликанска партија.
Градоначалникот на Дијарбекир, Мустафа Ташкесен изјави дека пратеникот Хусеин Ајгјун заедно со двајца соработници бил во посета на избирачки регион. Тој бил киднапиран при враќање кон градот Тунџели од двајца вооружени бунтовници кои го нападнале автомобилот на пратеникот.
Подоцна ги ослободиле двајцата негови соработници од кои еден е новинар на весникот „Ашкам“.
Киднапирањето ја шокира Турција бидејќи досега не е регистриран случај на киднапирање пратеник од страна на ПКК. Министерот за ��натрешни работи Идрис Наим Шахин изјави дека е почната голема акција за ослободуавње на пратеникот. Портпаролот на партијата Халук Коч изјави дека се соочени со досега невиден терористички акт. |