Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
13.08.2012, 14:41

На 29 август почнуваат Параолимпските игри во Лондон

На оваа Олимпијада ќе учествуваат 4.200 спортисти од целиот свет, а почнуваат на 29 август со свечено отворање и ќе траат до 9 септември

Параолимписките игри во Лондон почнуваат на 29 август со свечено отворање и ќе траат до 9 септември.

Овие Игри ќе се одржуваат на истите терени од штотуку завршената летна Олимпијада, во оние спортови во кои се натпреваруваат параолимпијците. На оваа Олимпијада ќе учествуваат 4.200 спортисти од целиот свет.

Веднаш по завршувањето на синоќешната церемонија на затворањето на 30. Игри, почнаа последните подготовки за следното големо олимписко натпреварување. Работниците не беа вклучени само во преуредувањето на главниот олимписки стадион, туку и на потребните спортски објекти и терени и во чистењето на Олимпиското село, каде досега престојуваа преку десет илјади спортиси од 204 земји и територии.

Олимпискиот парк одново ќе се преудредува по завршвањето на Параолимписките игри, кога ќе се демонтираат објектите и салите што нема да бидат потребни и нема да се користат понатаму. Меѓу нив се салата за кошарка и терените за хокеј на трева и за трки со велосипеди, а се` уште не е одлучено кому ќе му припадне главниот олимписки стадион, околу кој се води „битка“ меѓу двата лондонски фудбалски клуба „Тотенхем“ и „Вест Хем Јунајтед“.

Целиот Олимписки парк по завршувањето на двете олимпијади, ќе се преименува во парк „Кралица Елизабета“, а прв пат ќе им биде предаден на користење на лондочани на 27 јули 2013 година, на годишната од свеченото отворање на летната Олимпијада.

Претседателот на Организацискиот комитет на Игрите, лорд Себастијан Коу изјави денеска дека во иднина на Лондон нема да му бидат потребни терените за 17 олимписки спортови, но нагласи дека сите други објекти и сето она што беше изградено и направено за двете олимпијади останува како трајно наследство.


Статијата е прочитана 441 пати.

Испрати коментар



Работнички повторно домаќин на „Филип Втори“
ЛОИ во Лондон се најгледаниот спортски настан во Велика Британија
Мурињо - Викајте ме Единствениот
Арсенал попушта, Ван Перси во Јунајтед?
Меси, Роналдо и Иниеста за наградата на УЕФА
Македонските фудбалски надежи на мегдан со Португалија
Седлоски на клупата против Литванија
Одземен златниот медал на белоруската фрлачка на ѓуле Остапчук
(ФОТО) Довидување Лондон, доаѓаме Рио
Стивен Кипротич од Уганда победник на олимпискиот маратон
Тошак нема да ја дочека Литванија
Преглед на освојувачи на медали – Лондон 2012 – 15.ден
Бразилките ја одбранија шампионската титула
Германија ја победи Холандија и ја задржа титулата
Норвешка го одбрани олимпиското злато
Болт сепак заминува со светски рекорд
Започна новата фудбалска сезона во Македонија
Мексико олимписки шампион
Преглед на освојувачи на медали – Лондон 2012 – 14.ден
Бронза за фудбалерите на Јужна Кореја
САД – Шпанија одново во финалето
Светски рекорд за американската женска штафета
Олимпиското село од идната година станува станбена населба
Американецот Мантео Мичел истрча 400 метри во штафетната трка со скршена нога
Преглед на освојувачи на медали – Лондон 2012 – 13.ден
Американките олимписки шампиони во ватерполо
САД го одбранија првото место
Светски рекорд за Давид Рудиша од Кенија
Болт без конкуренција

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 29°C

Делумно облачно

Вторник
Делумно облачно
Макс: 32°C, Мин: 18°C

Среда
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 15°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
ЛОИ во Лондон се најгледаниот спортски настан во Велика Британија
Вкупно 50,2 милиони луѓе во Велика Британија ги гледале натпреварите и случувањата на летните Олимписки игри во Лондон...
(ФОТО) Довидување Лондон, доаѓаме Рио
Соодветно на отворањето, завршната церемонија беше проследена со величенствен сценско-музички перформанс...
Григориј Потоцки прави споменик на жртвите од струмичкиот пожар
„Македонија треба да има државна колонија за да може успешно да се презентира“, вели Бранко Пепиќ, раководител на Меѓуна...
Најпрофитабилните автомобилски модели во историјата
Во почетокот на годинава консултантското биро „Бернштајн рисрч“ ја објави листата на најпрофитабилни возила, почнувајќи ...

Днев��ик  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |