Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
12.08.2012, 15:33

Стивен Кипротич од Уганда победник на олимпискиот маратон

Кипротич патеката од 42 километри ја претрча за два часа, осум минути и една секунда оставајки ги зад себе фаворизираните маратонци од Кенија и Етиопија

Атлетичарот на Уганда, Стивен Кипротич победи на маратонската трка на Олимписките игри, последната атлетска дисциплина на годинешнава 30. Олимпијада.

Тој патеката од 42 километри ја претрча за два часа, осум минути и една секунда, оставајки ги зад себе фаворизираните маратонци од Кенија и Етиопија. Ова е прв златен меда за Уганда во маратонското трчање по 40 години.

Кипротич успеа да им побегне на своите директни конкуренти во последните километри на маратонот и да ја задржи победата до целта, на авенијата Мал, во центарот на Лондон, можејќи притоа уште и да земе од гледачите угандско знаме и нагрнат со него да ги истрча последните дваесетина метри.

Втор на целта пристигна Кениецот Абел Кируи, а трет беше Вилсон Кипротич исто така од Кенија, покажувајки ја на тој начин уште еднаш доминацијата на африканските маратонци.

Последната атлетска трка на лондонската Олимпијада, за разлика од порано се одржа далеку од главниот олимписки стадион, по улиците во централното градско подрачје, од авенијата Мал, во близина на Бакингамската Палата, до центар Сити и назад, при што маратонците истрчаа три кругови од над 10 киломери.

Обично, маратонците на Олимписките игри, својот старт и целта ја имаат на главниот олимписки стадион, каде се поздравени од гледачите, на последниот олимписки ден. Така било и на последните Игри што се одржани во Лондон, во 1948 година, но организаторите на годнешнава Олимпијада се откажаа од ова правило, па наместо осумдесетина илјади гледачи, колку што обично се собираат на стадионот, маратонците ги бодреа по патеката безмалку еден милион луѓе.

Маратонската трка на Олимпијадата во Лондон е прогласена за најгледана во досегашната историја на Игрите, затоа што огромна маса лондончани и туристи и навивачи се собраа по должината на целата патека, "вооружени" со знамињата на земјите кои имаа свои тркачи.

Од шеесетина маратонци кои учествуваа, десетина се откажаа во текот на трчањето.

Олимписките игри завршуваат вечерва со церемонијата, гаснење на олимпискиот оган и спуштањето на олимпиското знаме, кое ке му биде предадено на Рио де Жанеиро, домаќинот на Олимпијадата во 2016 година. Вечерашнава церемонија на затворање, според уметничкиот директор Ким Гевин ќе биде "Симфонија на британската музика".


Статијата е прочитана 426 пати.

Испрати коментар



Работнички повторно домаќин на „Филип Втори“
ЛОИ во Лондон се најгледаниот спортски настан во Велика Британија
Мурињо - Викајте ме Единствениот
Арсенал попушта, Ван Перси во Јунајтед?
Меси, Роналдо и Иниеста за наградата на УЕФА
Македонските фудбалски надежи на мегдан со Португалија
Седлоски на клупата против Литванија
На 29 август почнуваат Параолимпските игри во Лондон
Одземен златниот медал на белоруската фрлачка на ѓуле Остапчук
(ФОТО) Довидување Лондон, доаѓаме Рио
Тошак нема да ја дочека Литванија
Преглед на освојувачи на медали – Лондон 2012 – 15.ден
Бразилките ја одбранија шампионската титула
Германија ја победи Холандија и ја задржа титулата
Норвешка го одбрани олимпиското злато
Болт сепак заминува со светски рекорд
Започна новата фудбалска сезона во Македонија
Мексико олимписки шампион
Преглед на освојувачи на медали – Лондон 2012 – 14.ден
Бронза за фудбалерите на Јужна Кореја
САД – Шпанија одново во финалето
Светски рекорд за американската женска штафета
Олимпиското село од идната година станува станбена населба
Американецот Мантео Мичел истрча 400 метри во штафетната трка со скршена нога
Преглед на освојувачи на медали – Лондон 2012 – 13.ден
Американките олимписки шампиони во ватерполо
САД го одбранија првото место
Светски рекорд за Давид Рудиша од Кенија
Болт без конкуренција

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 29°C

Делумно облачно

Вторник
Делумно облачно
Макс: 32°C, Мин: 18°C

Среда
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 15°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
ЛОИ во Лондон се најгледаниот спортски настан во Велика Британија
Вкупно 50,2 милиони луѓе во Велика Британија ги гледале натпреварите и случувањата на летните Олимписки игри во Лондон...
(ФОТО) Довидување Лондон, доаѓаме Рио
Соодветно на отворањето, завршната церемонија беше проследена со величенствен сценско-музички перформанс...
Григориј Потоцки прави споменик на жртвите од струмичкиот пожар
„Македонија треба да има државна колонија за да може успешно да се презентира“, вели Бранко Пепиќ, раководител на Меѓуна...
Најпрофитабилните автомобилски модели во историјата
Во почетокот на годинава консултантското биро „Бернштајн рисрч“ ја објави листата на најпрофитабилни возила, почнувајќи ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |