12.08.2012, 12:56 Германија ја победи Холандија и ја задржа титулата
Хокеарите на Германија ја совладаа Холандија со 2:1 во финалниот натпревар одигран синоќа
Германија втор пат во низа е освојувач на олимпиското злато на хокерскиот турнир во машка конкуренција.
Со головите на Јан Филип Ребенте, хокеарите на Германија ја совладаа Холандија со 2:1, во финалниот натпревар одигран синоќа.
За Маркус Вајсе селекторот на Германија, ова беше трето последователно олимписко злато. Тој ја предводеше жекаската селекција до златниот медал во Атина во 2004-тата, а потоа и мажите до титулата во Пекинг пред четири години. Бронзениот медал го освои Австралија кој беше подобра од Велика Британија со 3:1. |