12.08.2012, 11:16 Болт сепак заминува со светски рекорд
Јамајканците во трката на 4 x 100 метри до златниот медал стигнаа со време на нов светски рекорд од 36,84 секунди
Јамајка го освои златниот медал во штафетата 4 x 100 метри со нов светски рекорд од 36,84 секунди. Усеин Болт откако не успеа да ги собори рекордите во индивидуалните натревари на 100 и 200 метри, сепак по последниот настап на Олимписките игри во Лондон дома се враќа со нов светски рекорд. Постигнувањата на Болт добиваат уште поголема тежина ако се има предвид фактот дека најбрзиот човек на светот ги одбрани сите три златни медали од Олимписките игри во Пекинг.
Тимот на САД се најде на второто место со време од 37,04 секунди, израмнувајќи се со претходниот светски рекорд што го постави Јамајка на Игрите во Пекинг.
Трети беа Тринидат и Тобаго со време од 38,12 секунди. |