11.08.2012, 19:13 Мексико олимписки шампион
Фудбалерите на Мексико го освоија златниот медал откако попладнево во финалето на „Вембли“ го совладаа големиот фаворит Бразил
Фудбалерите на Мексико го освоија златниот медал на Игрите во Лондон откако попладнево во финалето на „Вембли“ го совладаа големиот фаворит Бразил со 2:1 (1:0).
Стелец на двата гола за Мексиканците беше Орибе Пералта во првата и во 75-та минута. Првиот гол Мексико го постигна по грешката на одбраната на „кариоките“, додека по одличната акција по вторпат беше затресена мрежата на бразилскиот голман Габриел. Бразил почесниот гол го постигна во првата минута од судиското надополнување на вториот дел, а стрелец беше Хулк.
Во натпреварот за бронзениот медал, вчера, Јужна Кореја ја победи Јапонија со 2:0. |