12.08.2012, 12:45 Норвешка го одбрани олимпиското злато
Ракометарките на Норвешка синоќа во финалниот натпревар против репрезентацијата на Црна Гора, славеа победа со 26:23
Шампиони од Пекинг, селекцијата на Норвешка го одбрани олимпиското злато освоено пред четири години.
Норвежанките синоќа во финалниот натпревар против дебитантот на ОИ репрезентацијата на Црна Гора, славеа победа со 26:23, со што одново ги обединија трите титули.
Ракометарките од Норвешка, се и актиелни Европски и Светски првенки. Бронзениот медал и припадна на Шпанија која по продолженијата со 31:29 ја совлада Јужна Кореја, откако регуларен дел заврши без победник 24:24.
|