Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
04.07.2012, 15:19
Серена ја детронизира Квитова



Американката подобра во два сета од бранителката на трофејот во четврт-финалето на Вимблдон

Женскиот турнир на Вимблдон ќе добие нова шампионка, или барем различна од минатата година, бидејќи Петра Квитова доживеа елиминација. Крајна постојка на нејзиниот пат беше четвртфиналето и во него петкратната славеничка на „Ол ингланд клаб“ Серена Вилијамс. Помладата сестра Вилијамс триумфира во два сета со 6:3, 7:5.

„Кога играте против бранителката на титулата, морате да го кренете нивото на играта. Морав да бидам сериозна. Не е лесно да се одбрани грен-слем и затоа таа даде се' од себе, мислам дека никогаш не играла подобро“, изјави Американката која успеа да запре сет-топка на Квитова, во вториот период, при 5:4 за чешката тенисерка.

Полуфинална противничка на Серена ќе биде втората на ВТА-листата, Викторија Азаренка од Белорусија, која ја надигра единствената преостаната неносителка, Тамира Пашек со 6:3, 7:6.

Во вториот меч за финалето ќе се пресметаат третата и осмата носителка, Агњешка Радванска и Анжелик Кербер. И двете имаа мачни четвртфинални задачи, а се чини, за нијанса полесно помина третата носителка совладувајќи ја Марија Кириленко со 7:5, 4:6, 7:5. Кербер, пак, беше поуспешна во Германскиот трилер со Сабине Лисицки со 6:3, 6:7 и 7:5.

Резултати, четврт-финале, жени: Азаренка (2, Белорусија) - Пашек (Австрија) 6:3, 7:6; Радванска (3, Полска) - Кириленко (17, Русија) 7:5, 4:6, 7:5; С. Вилијамс (6, САД) - Квитова (4, Чешка) 6:3, 7:5; Кербер (8, Германија) - Лисицки (15, Германија).

Осминафинале, мажи: Цонга (5, Франција) - Фиш (10, САД) 4:6, 7:6, 6:4, 6:4

Статијата е прочитана 363 пати.

Испрати коментар



Федерер и Мареј во финалето на Вимблдон
Втора победа на Грејпел на Тур де Франс
Антиќ, Мекејлеб и Самарџиски добија противници во Евролигата
Кид го напушти Далас и продолжува во Њујорк
Доколку мине, тешка група за Металург во ЛШ
Преку Доминикана до полуфинале
Металург испушти победа на Малта
ФИФА донесе одлука за воведување на технологија на гол линијата
Радванска против Вилијамс во женското финале на Вимблдон
Ренова убедлива со аматерите од Сан Марино
Ѓоковиќ и Федерер „прелетаа“ до меѓусебно полуфинале
Лејкерси го доведоа Стив Неш
Коринтијанс нов првак на Јужна Америка
Хаотичната четврта етапа за Грајпел
Металург по победа сред Медитеранот
Македонија утре во 23.30 против Доминиканска Република
Ангола загуби, Македонија прва во групата
Грнчаров три години во Ботев Пловдив
Втора победа за Саган на Тур де Франс
Куп лажни продавачи на билети за ОИ
Мурињо
Црвена звезда го откачи Вардар
Македонија падна две места на ФИФА листата
Мекејлеб - Сега веќе се е можно
Македонија се истури врз Нов Зеланд
Шкендија ремизираше без голови против Портдаун
Вилјаш-Боаш и официјално тренер на Тотенхем
Мари против Ферер во четврт-финалето
Пари Сен Жермен го промовираше Лавеци
Фелпс се откажа од 200 м слободно на ОИ
Шкендија сака победа без примен гол против Портдаун
Трнлив пат за „металурзите“ до Лигата на шампионите
Македонија денеска на „поправен“ против Нов Зеланд
Кошаркарите поразени од Ангола
Десет Шпанци во „дрим-тимот“ на УЕФА, Иниеста прогласен за МВП
Блејк подобар од Болт и на 200 м!
Перо Антиќ, сепак, со капитенската лента
(ЕП 2012) Голови, тактика и „тика-така“...
Почнува операцијата „Лондон“

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 22°C

Делумно облачно

Петок
Ведро
Макс: 35°C, Мин: 18°C

Сабота
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 21°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ФОТО ВЕСТ) Џамија - супермаркет
Од недела над 40 степени и многу висок УВ индекс
Во Македонија од недела под влијание на многу топла воздушна маса од северна Африка ќе биде претежно сончево и многу топ...
(ИНТЕРВЈУ) Кралицата е многу либерална
„Верувам во ослоб��дувањето, тоа е дел од моето патување“, изјави британската актерка Хелен Мирен во интервјуто за „Утрин...
(ИНТЕРВЈУ) Треба да ја следиме визијата на големите уметници
„Сакав да глумам во ’Соба со пијано‘, а сакав и повторно да го видам Скопје, откако пред три децении бев како турист“, в...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |