04.07.2012, 18:37 Грнчаров три години во Ботев Пловдив
Македонскиот фудбалски репрезентативец Бобан Грнчаров се пресели од белгискиот во бугарскиот шампионат, каде што во наредните три сезони ќе ги брани боите на Ботев Пловдив.
„Добивме квалитетен играч во дефанзивниот ред, фудбалер со насобрано искуство од играње во неколку европски лиги“, изјавија од раководството на бугарскиот клуб на официјалната промоција на сега веќе поранешниот играч на Лирс.
Грнчаров е второто засилување на Боте Пловдив по поранешниот играч на Висла Краков, Томаш Иршак, со што клубот најави дека следната сезона ќе води битка за врвот. (Љ.В.) |