06.07.2012, 10:05 ФИФА донесе одлука за воведување на технологија на гол линијата
Одборот за фудбалски правила на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) синоќа донесе одлука за воведување на модерна технологија на сите официјални натпревари на оваа асоцијација
Одлуката е донесена по големиот притисок на јавноста и медиумите за воведување на видео технологија за прецизно утврдување на спорните моменти околу тоа дали топката ја минала гол линијата или не.
За оваа намена ќе се користат системите „Хок Ај“ или „Голреф“, кои веќе ги минаа пробните тестови.
Притисокот за воведување на ваква технологија на гол линијата се засили по Европското фудалско превенство што во неделата заврши во Полска и Украина, каде на Украинците не им беше призанат регуларен гол во дуелот против Англија, иако топката со целиот обем ја мина гол линијата пред да биде исфрлена од голот.
Со соноќешната одлука на ФИФА се предвидува новата технологија да биде користена на Светското клубско првенство во декември годинава во Јапонија, а ако се покаже како оправдана, таа ќе биде применета и на Купот на конфедерациите во 2013 и на Светското фудбалско првенство во Бразил во 2014 година.
|