09.07.2012, 14:49 Почна судењето на Џон Тери
Поради своите испади, дефанзивецот остана без капитенската лента во тимот на „Гордиот Албион“ на ЕП во Полска и во Украина и таа му беше доделена на Стивен Џерард
Во судот во Вестминстер, Англија, почна процесот против играчот на Челзи, Џон Тери, кој се товари дека на расна основа го навредил помладиот брат на Рио Фердинанд, играчот на Вест Хем, Антон Фердинанд. Во следните четири дена, колку што ќе трае судскиот процес, ќе се знае дали капитенот на Челзи е виновен или ќе биде ослободен од обвиненијата. Поради своите испади, дефанзивецот остана без капитенската лента во тимот на „Гордиот Албион“ на ЕП во Полска и во Украина и таа му беше доделена на Стивен Џерард.
За сличен случај фудбалерот на Ливерпул, Луиз Суарез, беше казнет со забрана за игра на осум натпревари во Премиер-лигата, а беше принуден да плати и глоба од 40.000 фунти.
|