10.07.2012, 16:34 Потпишан договорот за српска влада
БЕЛГРАД – Коалицијата собрана околу напредњаците, социјалистите и претставниците на Обединети региони на Србија (УРС), денеска во 17 часот, потпишаа коалициски договор, потврди Српската напредна партија (СНС).
Документот кој е основа за формирање на влада требаше да биде потпишан во седиштето на напредњаците, откако се надминати сите проблеми во преговорите. Дека се' ќе биде решено потврди и лидерот на Единствена Србија (ЈС), Драган Марковиќ Палма, кој изјави дека проблемите се надминати и дека договорот, според претходните најави, вчера требаше да биде потпишан. Тој негираше дека ПУПС имал барања во преговорите за формирање на нова влада и дека барале повеќе ресори и најави дека владата ќе биде формирана во следните 15 дена. (Б92/Бета/Танјуг) |