11.07.2012, 13:52 Се самоуби сопственикот на рестораните „Кај Злате“
Скокајќи од зградата во која живеел, 49-годишниот Златко Митковски, сопственик на рестораните „Кај Злате“, вчера вечерта си го одзел животот, пишува „Вест“.
Митковски скокнал од вториот кат од зградата лоцирана зад Олимпискиот базен.
Неофицијално, како што објавува „Вест“, Митковски имал здравствени проблеми и требало да му биде извршена хируршка интервенција. На местото на настанот бил извршен увид од страна на полицијата, а по наредба на Истражен судија телото на починатиот е предадено на обдукција.
|