12.07.2012, 14:29 Уште две затворски казни за оружје во случајот „Монструм“
Станува збор за обвинетите Назиф Мемети и Асани Рахман кои беа осудени на три, односно 3,6 години затвор
Скопскиот кривичен суд, по минатомесечната, деновиве изрече уште една пресуда за лица обвинети во случајот „Монструм“. Станува збор за обвинетите Назиф Мемети и Асани Рахман кои за недозволено држење и поседување на огнено оружје или распрскувачки материи беа осудени на три, односно 3,6 години затвор.
За истиот случај, односно како дел од групата обвинети за маскарот кај Железарското езеро скопска „единица“, на 22. минатиот месец, на Ибрахим Сејадини му изрече затворска казна во траење од шест години. Негово објаснување пред судот дека автоматот, куршумите, бајонетот и рачната бомба се од постар датум и дека намерата му била да ги препродаде по повисока цена не мина пред судот.
И покрај тоа за случајот „Монструм“ судот изрече две пресуди, сепак нему му претстои судски процес кој се однесува на настанот кој се случи на 12. април оваа година, кога во близина на скопското село Смиљковце, брутално беа убиени четворица млади скопјани: Кире Тричковски, Александар Наќевски, Филип Славковски, Цветанчо Ацевски и Борче Стефановски (45), од скопското село Црешево.
За кривично дело тероризам се' уште како осомничени се водат притворените Агим Исмаиловиќ (33) и недостапните Африм Исмаиловиќ (32) и Алил Демири (27), а како нивни помагачи се јавуваат лицата: Фејзи Азири(54) и Рамиз Сејди (24) од Скопје.
Истрагата за овие лица трае веќе цели три месеци и како што велат од судот нивниот дел е во финална фаза и дека само се чека на дел од вештачењата, а кога и тие ќд бидат доставени предметот ќе му биде вратен на Јавниот обвинител. (Љ.С.)
|