14.07.2012, 16:24 Ракометарките стартуваат на ЕП против Франција
ЕХФ го определи распоредот и термините за натпреварите од групната (прва) фаза, на Европското првенство за жени кое од 4 до 16 декември годинава се одржува во Србија
Македонската репрезентација настапот на ЕП ќе го почне против Франција, на 4 декември од 16 часот и 15 минути. Македонија која ќе игра во Ниш, во рамките на групата „Б“ во второто коло ќе игра против Шведска на 6 декември во терминот од 18 часот и 15 минути, а во последното 3-коло против Данска, нашите ракометарки ќе играат на 8 декември од 20 часот и 15 минути.
Учесници во другите групи се:
Група „А“: Норвешка, Украина, Србија, Чешка. Група „Ц“: Хрватска, Германија, Украина, Шпанија. Група „Д“: Романија, Црна Гора, Русија, Исланд.
|