10.07.2012, 15:06 Маркус Кемби се врати во Њујорк
Кемби е дел од НБА-лигата уште од 1996 година и оттогаш има настапувано во Њујорк, Торонто, Денвер, ЛА Клиперс, Портланд и Хјустон
Њујорк се трампа со Хјустон при што успеа да го привлече Маркус Кемби (38), а „ракетите“ ги добија Тони Даглас, Џером Џордан и Џош Харелсон плус право на избор во втората драфт-рунда во 2014 година и во 2015 година.
Кемби е дел од НБА-лигата уште од 1996 година и оттогаш има настапувано во Њујорк, Торонто, Денвер, ЛА Клиперс, Портланд и Хјустон. Во трката за него се вклучи и Мајами, но раководството на никси му понуди договор со подобри услови. Се обврза на верност кон клубот на три години во кои ќе заработи 13,2 милиони долари. Во кариерата има просек од 9,7 поени и 9,9 скока по натпревар.
Жител на Њујорк повторно е Стив Новак, кој ќе потпише четиригодишен договор вреден 15 милиони долари. Меѓу никси, како слободен играч, се врати и Џеј Ар Смит, откако постигна договор за две сезони „тежок“ 2,8 милиона долари.
|