12.07.2012, 14:41 На скијачката Захробска и е отстранет тумор на хипофизата

По отстранувањето на бенигнен тумор на хипофизата Захробска се чувствува добро
Врз чешката скијачка Шарка Захробска, лекарите во Прага извршиле операција на отстранување на бенигнен тумор на хипофизата во мозокот.
Според достапните информации, светската првенка во слалом и носител на бронзен медал на Олимписките игри во Ванкувер во 2010 година по интервенцијата се чувствува добро.
- На сите свои обожаватели, Захробска им испраќа благодарност за поддршката која и ја даваат. Таа се заблагодарува и за лекарската грижа, изјави нејзиниот портпарол Карел Тејкал.
Тој додаде дека не може да даде било какви прогнози за тоа кога Захробска ќе продолжи со тренинзите. |