Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
13.07.2012, 13:24

(ФОТО) И покрај малерот со времето, „Ромео и Јулија“ го стартуваше „Охридско лето“



Дождот што ненадејно ја поплави сцената на Антички, ги измачи и организаторите, но и публиката која во неизвесност чекаше трпеливо и накиснато прашувајќи се дали ќе ја гледа долгонајавуваната спектакуларна „Ромео и Јулија“

Тина Иванова

ФОТО: Киро Попов

ОХРИД - Не му е првпат на „Охридско лето“ да има малер со времето. Но, поради гостите од Русија, поради големата упорност на организаторот и покрај се', на традиционалниот датум и со долгоподготвуваната планирана претстава да го стартува и годинашното, 52. издание на фестивалот, едноставно одложувањето не можеше да се случи. Дождот што ненадејно ја поплави сцената на Антички театар, ги измачи и организаторите, но и публиката која во неизвесност чекаше трпеливо и накиснато прашувајќи се дали ќе ја гледа долгонајавуваната спектакуларна „Ромео и Јулија“. Така, со одложување од еден час и половина, годинашното „Охридско лето“ свечено е отворено. Време на исчекување во кое небото над Охрид пушташе поројни капки вистински дожд, но и дожд од дилеми. Час и половина и за да се избрише водената сцена со крпи и теписони како последен миг на снаодливост на организаторот заради безбедноста на танчарите и актерите, време кога се обезбедуваа музичките инструменти од оштетување... Може да се каже дека тоа беше една сосема случајна, неочекувана авантуристичка театарска пиеса, како увертира кон онаа вистинската која следуваше, бидејќи публиката си наоѓаше свои моменти на забава, или народно кажано, си фаќаше сеир.



Пораката од името на уметниците годинава ја испрати писателот Јордан Плевнеш, а фестивалот за отворен го прогласи неговиот покровител, претседателот Ѓорѓе Иванов. „Пред нас е уште едно лето посветено на уметноста. Уште едно ’Охридско лето‘ исполнето со музика, драма, танц. Повеќе од половина век, ’Охридско лето‘ претставува дом на македонската, европската и светската уметност. Отворен дом во кој реномираните уметници од целиот свет, секогаш одново се враќаат за да ги споделат своите моменти на инспирација со овдешната публика. Изминативе децении над десет илјади учесници од 56 земји ја гаснеа жедта на публиката, жед за естетското, убавото, вредното... Уметноста го разубавува животот и ја облагородува душата. Секоја уметност бара храброст, исто како и љубовта која во се' верува, на се' се надева, се' поднесува и никогаш не пропаѓа. Таа е безвремена како што е и приказната за ’Ромео и Јулија‘“, рече Иванов.

Организаторот ��чигледно не умееше да се справи со новонастанатата ситуација, па не ги адаптира ниту говорите на новонаметнатите услови. Тие си течеа интегрално, дури и со превод на англиски јазик, што уште повеќе го одложи почетокот на очекуваната претстава.



И покрај се', „Ромео и Јулија“ во режија на Дејан Пројковски, формално наречена театарски триптих, изнуди долги аплаузи кај присутните во Антички. Нејзината синкретична форма, спојот на драма, музика, опера и балет, е веќе видена практика одамна и во светот, но кај нас е ретка креација која наиде и на различни реакции кај публиката. Масовно осмислена, со многу луѓе на сцената, кои преку актерската игра и танцот ја прикажуваа борбата меѓу двете семејства Монтеки и Капулети, од кои македонската актерска екипа беше семејството на Ромео, додека семејството на Јулија, Руските актери, самата сценографија во која се наоѓаше и платформа во форма на крст, тридимензионалните проекции, акробатските движења, го дадоа чувството на помпезност. Додека универзалната рамка беа не само јазиците на кои се одвиваше претставата, македонски и руски, туку вечната приказна за љубовта меѓу Ромео и Јулија за која пишувал големиот Шекспир.

Оркестарот на Македонската опера и балет под диригентство на Норман Виџаја, со музиката на Прокофјев и Гуно, актерите од Битолскиот и Охридскиот театар, Дејан Лилиќ како Ромео, актерите од рускиот „Вера Комисаржевскаја“, балетските танчари, оперските пејачи, сите заедно надополнувајќи се во својата креативност создаваа една сурова реалност, а во истовреме имагинација, или сон, која се проектираше во нашите мисли. Се издвојуваше балетскиот сегмент со својата интересна кореографија и костими, иако и во дел од актерската игра постоеше конструктивно соединување. Но, можеби поради временските услови и долгото одложување на претставата, недостигаше компактност и очекуваната моќ вообичаена за вакви т.н. спектакли во кои се соединуваат големи уметнички екипи.



Да се надеваме дека времето на 12 јули на следното, 53. издание на „Охридско лето“ ќе биде ведро, за да можеме и сконцентрирано да ја почувствуваме и доживееме естетиката и убавината на новите уметнички творби.

Концерт, изложба и претстава викендов на „Охридско лето“

Викендов на „Охридско лето“ се содржани настани од областа на музиката, театарот и архитектурата. Вечерва во црквата „Св. Софија“ во 21 часот, концерт ќе одржи италијанското дуо - Џампаоло Бандини на гитара и Чезаре Кјакјарета на хармоника.

Утре, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во 20, 30 часот, ќе биде отворена биенална изложба на архитектите од Македонија. На сцената во предворјето на „Св. Софија“, пак, во 21 часот, Народниот театар од Битола ќе ја изведе претставата „Хенри шести“ од Шекспир, во режија на Џон Блондел од Англија, која својата премиера ја имаше на Културната олимпијада во Лондон во мај.



Статијата е прочитана 722 пати.

Испрати коментар



Мишел Камило - Мило ми е што сум дел од "Охридско лето"
Лондончани му исклучија струја на Брус Спрингстин
(ФОТО) Брена го крена Прилеп во воздух
Гран при за Боби Мојсовски на „Славјански базар“
(ФОТО) Величествен јубилеј на Галичка свадба
Мишел Камило и Џовани Идалго на „Охридско лето“
(ФОТО) Сто и педесет години од раѓањето на Густав Климт
Отворено 11. издание на фестивалот „Стоби“
Почна 50. јубилејна Галичка свадба
Антигона вечерва го отвора фестивалот „Стоби“
Промовиран музејски каталог претставен со брајово писмо
Почнува 50. јубилејна Галичка свадба
Синот на Силвестер Сталоне пронајден мртов
Лучано Товоли е добитник на „Златна камера 300“
Американка го тужу Џастин Бибер поради „трауми“
HP ја претстави новата флота на бизнис компјутери
Почна 10.Пиво фест во Прилеп
Деветгодишно дете заработи 250.000 фунти од своите слики
(ОБНОВЕНО) „Охридско лето“ отворено со задоцнување од час и половина
На пеколни жештини, Пивофест разладува
(ФОТО) Награден стрипот „Волшебното катче на Цане“ на Тхе Мичо
Во Израел пронајдено древно богатство вредно половина милион долари
Швеѓанец бил милијардер два часа
Кејти Холмс се врати под закрила на католичката црква
„Ромео и Јулија“ го отвора 52. „Охридско лето“
Почнува 13. Егзит фестивал
Среќен 50. роденден „РОЛИНГ СТОУНС“!
(ФОТО) Кристина Арнаудова се разладува во Котор
Една од најбогатите жени во Британија најдена мртва
Концерт на канадскиот оркестар „Вест Кост Симфони“ на „Скопско лето“
Паразит именуван по Боб Марли
„Дуо Скупи“ гостува во Софија
Книга за сите љубовни афери на Мик Џегер
Наскоро два нови албума од починатата Ејми Вајнхаус
Кејти Холмс и Том Круз, сепак, се разведоа спогодбено
(ФОТО) Калашников распали во Хераклеа
Скарлет Јохансон најплатена актерка на сите времиња
Штипската „Хасанагиница“ на „Бит фест“
Почина американскиот актер и оскаровец Ернест Боргнин
(ФОТО) Отпад од Пена изложен на плоштадот во Тетово
„Кристален глобус“ за норвешкиот „Речиси маж“

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 20°C

Ведро

Понеделник
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 12°C

Вторник
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
ОДБРОЈУВАЊЕ ДО ОЛИМПИЈАДА
Остануваат уште 11 дена до почетокот на Олимписките игри во Лондон...
Првите олимпијци пристигнуваат денеска во Лондон
На аеродромот Хитроу пристигнуваат првите 335 спортисти и нивните тренери, меѓу кои се наоѓаат олимпијци од САД, Канада,...
Лондон ја почна борбата против допингот
Анти-допинг центарот на ОИ ќе тестира 6.000 спортисти плус сите освојувачи на медали, се' до деветти септември...
Киднапиран претседателот на „Олимпискиот комитет“
Креветите во Олимпиското село долги само 172 см
Игри со 5.000 допинг-тестови и 150.000 кондоми
Темната страна на Олимписките игри

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |