Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
14.07.2012, 17:03
Антигона вечерва го отвора фестивалот „Стоби“



На 11. Фестивал на античка драма ќе се натпреваруваат три претстави од Македонија и три од Турција, Данска и Хрватска

 Вечерва, во 21 часот, на прекрасниот антички локалитет Стоби ќе се отвори 11. издание на Интернационалниот фестивал на античка драма, кој до 28 јули ќе донесе шест претстави од четири земји. Отворањето ќе го одбележи Националниот турски театар од Истанбул, со едно поинакво видување на „Антигона“ на Софокле, чија адаптација и режија ја потпишува Кенан Ишик.

Годинава во конкуренција се шест претстави, со тоа што три доаѓаат од Македонија, а три се од Турција, Данска и Хрватска. Данскиот театар на Бети Нансен на 23 јули ќе ја донесе модерната верзија на „Електра“. Режијата на оваа претстава со брзо темпо е на Никлас Бендиксен, кој го преработил текстот на Софокле заедно со Мете Волф Иверсен, а ја осмислува и сценографијата. Интересно е дека главната улога и е доделена на српско-данската актерка Маријана Јанковиќ.

Од Хрватска, пак, доаѓа Народниот театар од Вараждин, кој на 25 јули ќе ја одигра „Комедијата за лончето“ или „Аулуларија“ во режија на Борис Кобал. Оваа претстава се игра врз база на преводите на Плутовата „Аулуларија“ на два јазика: словенечки и кајкавски. Инаку, Аулуларија го претставува ликот на скржавецот во светската драма, подоцна преземен од големиот комедиограф Молиер.

Од Македонија ќе можат да се видат и „Одбраната на Сократ“ на Театарот на еден актер, со Бајруш Мјаку во главната улога, а во режија на Дритро Касапи и Дино Мустафиќ, како и извонредната битолска „Медеја“, која ќе се одигра последниот ден, 27 јули. Извонредниот текст на Хајнер Милер го поставува Нада Кокотовиќ, а главната улога и е доверена на впечатливата Јулијана Мирчевска. Главните теми во „Медеја“ се односот меѓу мажите и жените, љубовта и омразата, предавството, додека Милер ја претставува Медеја како одмаздничка, како варварка, робинка, кучка, ѓубриште, лик - ни маж ни жена.

Сите претстави се закажани во терминот од 21 часот. Но, да потсетиме и дека Фестивалот годинава тргна со навистина голема амбиција, не само тематска, туку и амбиција да се прошири на целиот овој централен, односно Вардарски регион, поврзувајќи се и со другите градови. Во одржувањето на фестивалот од лани како мецена влезе и винаријата „Стоби“, од каде што најавија дека имаат заедничка цел, во поглед на промоцијата и развојот на овој регион. И, секако, за зачувување на традицијата на античкиот театар.







Статијата е прочитана 394 пати.

Испрати коментар



Мишел Камило - Мило ми е што сум дел од "Охридско лето"
Лондончани му исклучија струја на Брус Спрингстин
(ФОТО) Брена го крена Прилеп во воздух
Гран при за Боби Мојсовски на „Славјански базар“
(ФОТО) Величествен јубилеј на Галичка свадба
Мишел Камило и Џовани Идалго на „Охридско лето“
(ФОТО) Сто и педесет години од раѓањето на Густав Климт
Отворено 11. издание на фестивалот „Стоби“
Почна 50. јубилејна Галичка свадба
Промовиран музејски каталог претставен со брајово писмо
Почнува 50. јубилејна Галичка свадба
Синот на Силвестер Сталоне пронајден мртов
Лучано Товоли е добитник на „Златна камера 300“
(ФОТО) И покрај малерот со времето, „Ромео и Јулија“ го стартуваше „Охридско лето“
Американка го тужу Џастин Бибер поради „трауми“
HP ја претстави новата флота на бизнис компјутери
Почна 10.Пиво фест во Прилеп
Деветгодишно дете заработи 250.000 фунти од своите слики
(ОБНОВЕНО) „Охридско лето“ отворено со задоцнување од час и половина
На пеколни жештини, Пивофест разладува
(ФОТО) Награден стрипот „Волшебното катче на Цане“ на Тхе Мичо
Во Израел пронајдено древно богатство вредно половина милион долари
Швеѓанец бил милијардер два часа
Кејти Холмс се врати под закрила на католичката црква
„Ромео и Јулија“ го отвора 52. „Охридско лето“
Почнува 13. Егзит фестивал
Среќен 50. роденден „РОЛИНГ СТОУНС“!
(ФОТО) Кристина Арнаудова се разладува во Котор
Една од најбогатите жени во Британија најдена мртва
Концерт на канадскиот оркестар „Вест Кост Симфони“ на „Скопско лето“
Паразит именуван по Боб Марли
„Дуо Скупи“ гостува во Софија
Книга за сите љубовни афери на Мик Џегер
Наскоро два нови албума од починатата Ејми Вајнхаус
Кејти Холмс и Том Круз, сепак, се разведоа спогодбено
(ФОТО) Калашников распали во Хераклеа
Скарлет Јохансон најплатена актерка на сите времиња
Штипската „Хасанагиница“ на „Бит фест“
Почина американскиот актер и оскаровец Ернест Боргнин
(ФОТО) Отпад од Пена изложен на плоштадот во Тетово
„Кристален глобус“ за норвешкиот „Речиси маж“

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 20°C

Ведро

Понеделник
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 12°C

Вторник
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
ОДБРОЈУВАЊЕ ДО ОЛИМПИЈАДА
Остануваат уште 11 дена до почетокот на Олимписките игри во Лондон...
Првите олимпијци пристигнуваат денеска во Лондон
На аеродромот Хитроу пристигнуваат првите 335 спортисти и нивните тренери, меѓу кои се наоѓаат олимпијци од САД, Канада,...
Лондон ја почна борбата против допингот
Анти-допинг центарот на ОИ ќе тестира 6.000 спортисти плус сите освојувачи на медали, се' до деветти септември...
Киднапиран претседателот на „Олимпискиот комитет“
Креветите во Олимпиското село долги само 172 см
Игри со 5.000 допинг-тестови и 150.000 кондоми
Темната страна на Олимписките игри

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |