09.07.2012, 13:11 (ФОТО) Калашников распали во Хераклеа
На концертот на Горан Бреговиќ присуствуваше три и пол илјадна публика која претежно беше средовечна полна со емоции и сеќавања за старите денови и се уште популарните хитови на легендараната музичка група „Бијело дугме“
БИТОЛА - „Прв пат сум тука и се надевам дека ќе ви се допадне концертот. Ќе свириме нешто старо, нешто ново“, со овие зборови Горан Бреговиќ вчеравечер го започна концертот на античкиот локалитет Хераклеа Линкестис, кој се одржа во рамките на „Бит фест“.
Три и пол илјадната публика која претежно беше средовечна полна со емоции и сеќавања за старите денови и се уште популарните хитови на легендараната музичка група „Бијело дугме“ го преполни античкиот локалитет крај Битола. За дел од фановите на Брега воопшто не беше проблем и да се искачат на ридот над афитетарот и да отстојат дури четири часа.
Концертот на Горан Бреговиќ и неговиот „ Оркестар за венчавки и погреби“ започна со тема посветена на неодамна почината џез пејачка Цезарија Евора, за потоа да се редат старите хитови од „Бијело Дугме“, од албумот „Алкохол“ и неговата далеку популарна филмска музика. (А.Б.)
|