11.07.2012, 13:13 Бучавата го зголемува ризикот од срцев удар
Изложеноста на бучава предизвикана од сообраќајот е поврзана со зголем ризик од срцев удар, покажува десетгодишното истражување спроведено во Данска.
Според резултатите од истражувањето со кое биле опфатени повеќе од 50.000 испитаници на возраст од 50 до 64 години, секое зголемување на бучавата за десет децибели резултирало со 12 отсто поголема веројатност за срцев удар.
Учесниците во истражувањето живееле во најголемите дански градови, Копенхаген и Архус.
Научниците ова го објаснуваат со последиците од стресот, до кое доведува изложеноста на бучавата. |