12.07.2012, 14:33 Ратко Младиќ пренесен во болница
Поранешниот воен лидер на босанските Срби генерал Ратко Младиќ утрово е хоспитализиран изутринава поради „претпазливост“, откако се почувствувал лошо за време на судскиот процес против него во Меѓународниот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија.
- Младиќ не се чувствуваше добро и беше пренесен во болница за секој случај, изјави Нерма Јелачиќ, портпарол на Хашкиот трубунал.
|