Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска пристигна во Кина каде на аеродромот веднаш беше еуфорично пречекан од околу 1.000 навивачи на Шангај Шенхуа
Дидие Дрогба веднаш си доби и нова песна од Кинезите: „Дидие Дрогба, ла-ла-ла-ла-ла“, која како што самиот истакна само му ја надополнила енергијата и од смешната страна на мотивацијата за настапите во новиот клуб.
„Се радувам на новиот предизвик, запознавање на новата култура, но секако и возбуден поради континуираниот развој на кинескиот фудбал“, рече Дрогба по доаѓањето во Шангај.
Поранешниот напаѓач на Олимпик Марсеј и на Челзи официјално ќе биде претставен на навивачите во сабота на дуелот против Пекинг Гуан, но нема да биде во составот за оваа средба.