14.07.2012, 16:36 Кинеското чудо Лин се договори со Хјустон
Њујорк има само три дена да ја израмни понудата за младата кинеска ѕвезда вредна 25 милиони долари
Кинескиот кошаркар Џереми Лин се договори со тимот на Хјустон Рокетс, кој му понуди тригодишен договор вреден 25 милиони долари. Њујорк има само три дена да ја израмни понудата за младата кинеска ѕвезда.
Во минатата сезона Лин одигра 35 меча за Никси со просек од 14,6 поени, 6,2 асистенции и 3,1 скока на натпревар.
Истовремено Хјустон се ослободи од Аргентинецот Луис Скола, кој лани имаше учинок од 15 поени и 6,5 скока на натпревар. Рокетси ја искористија клаузулата за амнестија од колективниот договор и го отпуштија Скола. Тој во наредните три сезони требаше да добие 21 милион долари.
|